Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
08.10.2010
УЈП во твининг со Австриските и Словачките даночни власти

Имплементација на најдобрите ЕУ практики за борба против корупција и даночна евазија во Македонија

Со цел имплементација на најдобрите ЕУ практики во борбата против корупцијата и намалувањето на даночната евазија во Република Македонија, Управата за јавни приходи преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 2007 го реализира проектот „Реформа во даночната администрација”.

Во рамките на Твининг лајт програмата, како дел од проектот, преку кои треба да се зајакнат капацитетите и комуникациските канали на УЈП во откривањето и борбата против даночната евазија, претставници од даночните власти на постојни ЕУ членки, ги пренесоа своите искуства на македонските колеги.

Во период од девет месеци, со помош на тимот од високостручни даночни експерти, успешно се реализираа обуки, работилници, студиски посети и практична работа на конкретни случаи на оваа тема, преку кои на даночните службеници од УЈП, им беше овозможено и укажано како да пристапат кон ефикасно искористување на своите надлежности, посебно во делот на функционирањето на Даночниот инспекторат за спречување на корупцијата, но и поттикнување и поддршка во спроведување на специјални истраги по примерот на европските земји.

Твинингот е спроведен со техничка поддршка од даночна администрација на Австрија и Словачка, и со 200.000 евра - финансиски средства од обезбеди од Европската Унија, преку ИПА 2007.

 

ФИНАНСИСКИ МАЛВЕРЗАЦИИ, ГЛОБАЛНО И ЛОКАЛНО

Глобализацијата на светската економија револуционерно го менува финансискиот криминал и финансирањето на тероризмот. Сложената организација на економиите во услови на пазарен систем, како и поврзувањето на националните економии бараат поголемо знаење, соработка, но и претпазливост.

Финансиските криминалци ги бараат и користат слабостите на финансиските системи во земјите и во односите меѓу дражавите. Истовремено, природата на финансискиот криминал многу брзо се менува и мутира.

Дел од финансискиот криминал се финансиските измами. Земјите во развој и развиените земји се најчесто погодени од ДДВ измамите, како широко распространета нелегална активност.

И Република Македонија се соочува со проблемот на даночно затајување и измами и токму поради тоа се преземаат соодветни активности, со цел зајакнување на капацитетите и соработката на сите надлежни институции инволвирани во спречување и откривање на финансискиот криминал. Особeна важност има и степеност на даночна свест и процесот на едукација на даночните обврзници, несвесно да не бидат дел од финансискиот криминал.

За повеќе информации како да избегнете да бидете дел од шемите на даночните измами и какви мерки и активности презема Управата за јавни приходи и даночните администрации за контрола на даночните обврзници - измамници, преземете го информативниот проспект „Најчести даночни измами“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија