Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.08.2010
Демант - “А1“ (текст: „УЈП ја заплени Градската аптека во Трговскиот центар“)

Во врска со прилоготУЈП ја заплени Градската аптека во Трговскиот центар, објавен на 18.08.2010 година во вестите на А1 во 19.00 часот, Управата за јавни приходи остро реагира на изнесените и погрешни информации за случајот Градски аптеки.

Постапката за присилна наплата не е завршена експресно за само еден ден, како што се вели, туку напротив трае речиси една година, од 2009 година. По исцрпување на инструментите за присилна наплата на долговите на Градски аптеки, односно спроведените  блокади на жиро сметките од страна на УЈП за што јавноста беше информирана и медиумите известуваа минатата година, понатаму воспоставената хипотека во 2010 година не само врз деловниот простор во ГТЦ, туку и на останататиот имот на ПЗУ Градски аптеки кој се води во јавната катастарска евиденција, вообичаена и редовна постапка која ја спроведува Управата е јавна продажба на имотот заради наплата на долгови.

Тајно и сомнително не е кога имотот на должникот Градски аптеки е продаден јавно – преку јавен оглас објавен во медиуми и на веб страницата на УЈП, и на јавна аукција спроведена уште минатиот месец, а се со цел наплата на натрупаните даночни долгови за неисплатени бруто-плати и даноци.

Што се однесува до информациите содржани во изјавата на застапникот на соосновачи со помалку удели, како и изјавата од вработените, сосема се неточни бидејќи стечајна постапка за Градски аптеки до ден денес не отворена. Се до моментот на отворање на стечај,  Управата за јавни приходи ќе ги спроведува и применува сите законски инструменти кои и стојат на располагање, како не би се оштетил Буџетот на РМ, социјалалните фондови и вработените. Присилна наплата согласно Законот за даночна постапка се применува врз движен и недвижен имот. УЈП секогаш и во секое време има интерес, не само за наплата на долговите на Градски аптеки, тука на сите јавни приходи, бидејќи секако тоа и е основна функција која ја извршува.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија