Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
23.07.2010
Бруто плата - Постапка за промена на Код за идентификација

Еден од ПРЕДУСЛОВИТЕ за поднесување на пресметка на бруто-плата (образец МПИН) е обврзникот за пресметка и уплата на придонеси да поседува и да има инсталирано валиден Код за идентификација.

Поради честите јавувања од страна на обврзниците за начинот и постапката за промена, односно издавање на нов Код за идентификација за пресметка на бруто-плата на кој му истекува важноста, Управата за јавни приходи ги дава следните препораки:

Проверете кога истекува важноста на вашиот код за идентификација!

Бидејќи без поседување на валиден Код, како обврзник за пресметка и уплата на придонеси, нема да бидете во можност да поднесете пресметка за плата (МПИН) до УЈП, треба да извршите проверка на рокот за валидноста на вашиот код (5 години од денот на неговото издавање) и доколку е потребно да пристапите кон негова замена со нов.

За начинот како да извршите проверка на валидноста, односно кога истекува рокот на кодот за идентификација, преземете го упатството во зависност од тоа каков интернет пребарувач користите:

Доколку валидноста на кодот истекува на пример на 4 август 2010 година, задолжително поднесете го образецот БКИ-ИН до УЈП за да ви биде доделен нов код и како би можеле непречено да ја поднесете пресметката за плата за месец Јули 2010 година.

Поднесете барање за издавање на нов код!

Со цел да не дојде до пречки при поднесување на пресметките на бруто-плата, пред истекот на валидноста на постоечкиот код за идентификација, поднесете „Барање за издавање на код за идентификација“ (образец БКИ-ИН) до надлежната Регионална дирекција на УЈП. Врз основа на барањето, во истиот момент на поднесување ќе Ви биде доделен нов код за идентификација.

За да го преземете образецот БКИ-ИН кликнете тука или побарајте го во даночните канцеларии.

За сите дополнителни прашања информирајте се преку Повикувачкиот центар на телефонскиот број 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија