Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
08.07.2010
Добивката распределена за исплата на дивиденда нема да се оданочува

Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ” бр.85/2010), за исплатените дивиденди од 7 јули 2010 година ќе се применува “методот на изземање“ (principle of exemption).


Метод на изземање

Со воведувањето на “методот на изземање“ износот на делот од добивката кој што правното лице го распределува за исплата на дивиденди на правни лица – резиденти на Република Македонија НЕМА повеќе да подлежи на оданочување, односно оданочувањето на распределената добивка во вид на дивиденда ќе се врши на крајот, кај последниот даночен обврзник кој што распределбата на добивката ќе ја извршува спрема крајните корисници – физички лица (резиденти или нерезиденти на РМ), односно спрема нерезидентни правни субјекти (став 3 член 36-г).

 

Бенефити за даночни обврзници

Основна цел на законските измени е компаниите да ја задржат добивката во рамките на стопанската дејност, независно дали истата се задржува од страна на матичното правно лице или од страна на поврзаните друштва со истото, како и избегнување на досегашното повеќекратно оданочување на дивидендите при преносот на добивката од еден на друг правен субјект, односно помеѓу поврзаните лица – резиденти на Република Македонија.


Очекувани позитивни ефекти

  • Стимулирање на македонските компании да вложуваат финансиски средства во други компании во Републиката или во банките со што користа би била на двете страни (кај едните едноставен начин на прибирање на ликвидни средства, а кај другите обезбедување на екстра добивка од дивиденди, која би се вратила без оданочување).
  • Стимулирање на банките да ги подобрат условите за кредитирање поради подобрување на својата ликвидност за делот на данокот кој останува од распределбата на дивидендите на домашните правни лица.
  • Поедноставно администрирање во поглед на избегнувањето на повеќекратно оданочување.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија