Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.06.2007
УЈП – Поблиску до даночните обврзници!

Во рамките на Програмата за модернизација и активноста „УЈП - Поблиску до даночните обврзници!„, од 21 мај до 30 јуни 2007 година ќе се реализира истражување за работата на даночната администрација.

Заради обезбедување поголема транспарентност и објективност на резултатите, испитувањето на јавното мислење за работата на УЈП и даночната администрација ќе го врши специјализираната Агенција за истражување - Стратеџик Маркетинг. Анкетирањето ќе опфати 700 даночни обврзници, мали и средни претпријатија од Република Македонија.

Истражувањето треба да покаже какво е мислењето и искуството на даночните обврзници од работењето на Управата за јавни приходи, нивото на задоволство од работата на даночната администрација, како и проблемите со кои се судруваат обврзниците во даночните постапки и спроведувањето на даночната регулатива.

Резултатите од анкетата, посебно во делот на транспарентноста на решавање на даночните работи, чување на даночна тајна, еднаквиот третман на даночните обврзници, корупцијата во редовите на даночната администрација ... , ќе бидат искористени за креирање на насоки за подобрување на севкупното работење на Управата за јавни приходи.

Наша цел е да создадеме модерна и транспаретна даночна управа со клиентски ориентиран пристап кон даночните обврзници, што подразбира градење партнерски однос со секој даночен обврзник и обезбедување висок квалитет на услуги.

 


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија