Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
14.01.2010
Новини во пресметката и плаќањето на данок на добивка

Ги информираме даночните обврзници дека врз основа на најновите измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, направени се измени во подзаконските акти:
- Правилник за образецот пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката и
- Измена и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување

и во примена се нови обрасци:

- “ДД-ИД“ - Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката
- “МДБ“ – Месечен даночен биланс (за интерна пресметка) и
- “ДБ“ - Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи


Начин на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување

Со најновите измени, утврдувањето на данокот на добивка се врши издвоено од: 1) основата која ја сочинуваат непризнаените расходи за даночни цели и од 2) финансиски резултат – сметководствена бруто добивка, која по покривање на загубите од работењето во изминатите даночни периоди, се оданочува во годината на нејзината исплата за дивиденди и за други исплати, односно распределби од добивката.

Даночната основа утврдена на непризнаените расходи се утврдува кога од износот на непризнаените расходи за даночни цели утврдени во даночниот биланс, ќе се изврши намалување за износот на даночниот кредит, по основ на одложено признаените расходи и износот на укинатите резервирања, како и за износот на даночните ослободувања и олеснувања (по основ на влог на странско лице заклучно со 2009-та година и по основ на набавени и ставени во употреба до 10 фискални системи на опрема).
Заради одбегнување на двојното оданочување, утврдениот данок се намалува за износот на платениот данок во странство на приходите на даночниот обврзник од камати, авторски права и други видови на приходи, доколку не се остварени во рамките на постојаната деловна единица.
Даночните обврзници се должни утврдувањето и плаќањето на данокот во непризнаените расходи за даночни цели да го вршат на образецот ДБ - “Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“, кој треба да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 28/29 февруари наредната година.
За субјектите над кои е отворена постапка на стечај и ликвидација, како и кај субјектите кај кои настануваат статусни промени, образецот ДБ се доставува во рок од 60 дена од денот на отварањето на постапката, односно од денот на настанувањето на статусните промени.

Сметководствената бруто добивка намалена за данокот пресметан на непризнаените расходи се оданочува само доколку истата се распределува за исплата на дивиденди и за други исплати, односно распределби од добивката.
Во однос на оданочувањето на распределбите од добивката за дивидендите и за други исплати од добивката, измените и дополнувањата, се во насока на допрецизирање на одделните категории како што се: исплатени дивиденди (во парични средства, акции, удели), како другите распределби и исплати од добивката на даночниот обврзник, особено во делот на исплатениот остаток од ликвидационата маса на друштвото спрема сопствениците на влогот над износот на основната главнина на друштвото, како и исплатите спрема сопствениците на влогот во случаите на истапувањето на содружниците или акционерите на друштвото со намалување на основната главнина и на соодветниот припаѓачки дел од капитал на друштвото. Под други исплати се подразбираат и распределбите од добивката кон сопствениците на влогот, менаџментот и вработените лица, врз основа на одлука.

Пресметката на данокот се врши на образецот "ДД-ИД" - Прасметка на данокот на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката, која се доставува до Управата за јавни приходи на денот на:

- Исплатата на дивиденда за деловната година
- Исплатениот аванс на дивиденда за тековната година и
- Другите исплати од добивка

Се укинува и системот на консолидираното оданочување на поврзаните друштва со над 90% учество во капиталот, односно се укинува можноста поврзаните друштва со остварена добивка да вршат намалување на својата даночна основа по основ на загубата која ја остваруваат поврзаните лица – членови на консолидацијата.

Измените во делот на данокот на добивка предвидуваат и оданочување со задржан данок на добивка на приходите од закуп на недвижности во Република Македонија кои ги остваруваат нерезидентни правни лица.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија