Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
05.01.2010
Демант - „АЛФА ТВ“ (прилог: „Цркви пред стечај“)

Во врска со прилогот „Цркви пред стечај“ (објавен во вестите на Алфа ТВ, 04.01.2010 година), Управата за јавни приходи ги демантира паушалните изјави од одредени свештени лица, како и неточно пренесените ставови на Управата за јавни приходи во врска со паушалното оданочување на вршителите на свештеничка дејност.

“Управата за јавни приходи за подрачјето на Скопје има доставено 32 опомени за свештеници кои по основ на персонален данок имаат вкупен долг од 724.935 денари. Од овие опомени, најмалиот долг изнесува 3.804 денари, а највисокиот долг изнесува 43.535 денари. Оттука, воопшто не се точни информациите дека побарувањата на УЈП по вработен се движат од две до осум илјади евра по свештено лице, како и споменатата бројка од два милиони евра, кои во податоците на Управата не постојат и не се евидентирани по овој основ.

Земајќи предвид дека, генерално, вршителите на свештеничка дејност ги подмируваат своите обврски по основ на паушалното оданочување, на што инсистираше највисокото раководство на сите верски заедници, сметаме дека последните наслови кои беа присутни во медиумите се изолирани случаи и обиди да се наметнат нечии интереси. Од тие причини, апелираме Управата за јавни приходи да не се користи за цели на меѓусебно препукување во редовите на верската заедница.

Данокот е обврска на секој граѓанин, па така и на свештениците. Како и останатите граѓани кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност, приходи од имот, од капитални добивки и други приходи, и свештениците се даночни обврзници кои треба да ги пријавуваат приходите и да го плаќаат данокот во Македонија.“

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија