Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
05.01.2010
Бруто плата - Нови стапки за социјални придонеси и лично ослободување за 2010 година

Врз основа на чл. 31 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Р.М.“, бр.142/08...64/09) и чл. 1 од Законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување („Службен весник на Р.М.“, бр.156/09), од 1 јануари 2010 година се воведуваат нови, намалени, стапки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување.

Нови стапки за пресметка на придонеси

Ги информираме даночните обврзници дека почнувајќи со исплатата на платата за јануари 2010 година, треба да се применуваат следните стапки по видови на придонеси:

Плата за јануари 2010 година
Вид на придонес Стапка на придонес

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување

18%
Задолжително здравствено осигурување 7,3%
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%

 

Плата за јануари 2010 година
Вид на придонес за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење Стапка на придонес
12 месеца сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9%
12 месеца сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,5%
12 месеца сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6%
12 месеца сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,5%
12 месеца сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3%


Лично ослободување за 2010 година

Исто така, со исплатата на јануарската плата, ќе се применува и даночно ослободување во износ од 7.035 денари месечно, односно на годишно ниво за 2010 година во износ од 84.420 денари.


Клиентски софтвер 3.1.12

За да ја поднесете Месечната пресметка за интегрирана наплата (образец МПИН) за јануари 2010 година, задолжително преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер (верзија 3.1.12). Новата верзија на софтверот е прилагодена на новите стапки за пресметка на социјалните придонели и личното ослободување за 2010 година.


Поднесете ја пресметката за плата преку е-пошта

Користете ги електронските услуги на УЈП за поднесување на пресметките за плата. Пополнетиот образец МПИН пратете го преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk и истиот ќе се смета за доставен до Управата за јавни приходи.

При доставување на МПИН за повеќе даночни обврзници преку електронска пошта, Ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата не ја праќајте повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.


Код за идентификација за електронско потпишување

Доколку не сте регистрирани и не поседувате код за идентификација за електронско потпишување на МПИН, преземете го образецот БКИ-ИН – „Барање за код за идентификација на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси кој служи за електронско потпишување на образецот МПИН“ и доставете го до надлежната Регионална Дирекција на УЈП. Со доделување на кодот ќе можете, без чекање на шалтери, да ја поднесете пресметката за плата електронски.


Поднесување на пресметки и исправки за плати во 2009

Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (од 01.01.2009 до 31.12.2009 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите клиентскиот софтвер, односно стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период, согласно Законот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија