Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
26.11.2009
Демант - “НОВА МАКЕДОНИЈА“ (текст: „Посебни даночни постапки за 50-те најбогати Македонци“)

Во врска со текстот „Посебни даночни постапки за 50-те најбогати Македонци“ чиј автор е новинарот Мери Јордановска (НОВА МАКЕДОНИЈА, стр. 5, од 25.11.2009 година), Управата за јавни приходи остро реагира на несериозноста на пласираните информации и изнесените шпекулации, како и користење на нерелевантни “извори“.

„Како единствен релевантен извор за информирање на јавноста и медиумите, Канцеларијата за односи со јавност на УЈП на новинарското прашање од редакцијата на Нова Македонија: „Дали се точни шпекулациите дека за првите 50 лица, од листата на лица со највисоки приходи по основ на Годишна даночна пријава, УЈП ќе поведе посебна даночна постапка за испитување на потекло на имотот?“, беше упатен точен и јасен одговор дека „Ваквите тврдења не се точни. Овие постапки се водат за лица каде ќе се утврди дека имотот е стекнат од неоданочени приходи, што не мора да значи дека се наоѓаат на листата. Посебните даночни постапки се редовна активност на УЈП, а податоците од Годишните даночни пријави се само еден од основите за отпочнување на постапка.“

Контрапродуктивно во правец на градење на даночна свест е да пласираат непотврдени информации во медиумите, кога фактите говорат дека за 2008 година поднесени се рекордни 140.000 Годишни даночни пријави. Исто така, неодговорно е да се генерализира и да се говори дека граѓаните кои се наоѓаат на некакви листи ќе бидат предмет на посебна даночна постапка.“

УЈП инсистира информациите да не се пренесуваат во погрешна конотација, со цел создавање на приказна таму каде што ја нема.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија