Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
20.10.2009
Фискализација – 100 објекти не го регистрирале готовинскиот промет

Во засилените контроли спроведени за време на викендот во делот на фискализацијата, Управата за јавни приходи констатира неправилности кај 100 објекти.

Во текот на инспекцискиот надзор, вршен во повеќе градови низ Македонија, контролирано е работењето на 337 даночни обврзници, од кои кај 100 објекти даночните контролори имаат утврдено нерегистрирање на готовински промет, односно неиздавање на фискална сметка. По градови состојбата е следната:

Скопје 32
 Кавадарци 5
Гевгелија 3
Велес 5
 Неготино 3
Дојран 2
Куманово 29
Струмица 15
Свети Николе 6
Вкупно 100


Поради сторен прекршок во делот на фискализацијата, на даночните обврзници изречени им се глоби кои се движат од 200 до 1500 евра во денарска противвредност и мерка времена забрана за вршење на дејност од 30 дена.

Неиздавањето на фискални сметки, како и неправилностите во работењето на даночните обврзници, граѓаните може да го пријават во Контакт Центарот на УЈП на бесплатната телефонска линија 198, која е во функција 24 часа/7 дена во неделата, или преку е-пошта info@ujp.gov.mk

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија