Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
01.10.2009
Управата за јавни приходи на Третата Регионална Даночна Конференција

СОФИЈА – Денес/1 октомври 2009 година, се одржува 3-тата по ред Регионална Даночна Конференција, чиј домаќин и организатор оваа година е Националната Агенција за Приходи на Република Бугарија.

На конференцијата, која претставува и традиционална годишна средба на високото раководство на даночните власти од Балканскиот регион, основна тема на расправа, заедничка соработка и размена на искуство е „Ефикасна соработка во областа даночната контрола“.

  • Даночна контрола во услови на криза
  • Меѓугранична соработка и активности
  • Соработка во рамки на ЕУ легислативата и Меѓународните договори
  • Методи за ефикасна соработка во областа на даночната контрола (билатерални и меѓународни договори)

Мерките и активностите договорени помеѓу даночните администрации на полето на инспекцискиот надзор ќе бидат имплементирани во наредниот период, односно во текот на 2010 година.

Македонија и Словенија со заедничка тема

Во пресрет на одржувањето на Даночната Конференција, во текот на вчерашниот ден/30 септември 2009/ директорот на УЈП, Горан Трајковски оствари средба со генералниот директор на даночната администрација на Р. Словенија, Мојца Цента, на која беше разговарано за „Улогата на даночните власти во услови на рецесија“. Ова ќе биде и заедничката тема со која двете земји ќе настапат на регионалната средба.


Корисни информации:
Согледувајќи ја потребата од продлабочување на соработката со земјите од регионот, во 2007 година на иницијатива на Управата за јавни приходи се одржа I-та Балканска Даночна Конференција. По три години од одржувањето на првата по ред конференција, денес листата на земји учеснички и меѓународни организации заинтересирани за присуство се зголемува, што говори за се поголемото значење на овој настан.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија