Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
29.04.2009
Од 1 Мај – во употреба нови контролни марки за обележување на алкохол и цигари

Со измените и дополнувањето на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите (Службен весник на Р.М., бр. 53/09 од 23 Април 2009 година), од 1 мај 2009 година во употреба се пуштаат нови контролни марки (бандероли) за обележување на тутунски добра и алкохолни пијалоци.

Новите контролни марки се изработени според највисоките стандарди и повеќестепено ниво на безбедност. Холограмската лента и други елементи, кои се составен дел на контролната марка, обезбедуваат висок степен на заштита, превенција и лесно детектирање на евентуално фалсификување. Според начинот на изработка и нивото на заштита, новите контролни марки се со највисок квалитет во регионот и се во согласност со европските стандарди.

Управата за јавни приходи е целосно подготвена за издавање на новите контролни марки, кои можат да се преземат од УЈП - Генерална Дирекција, започнувајќи од 5 мај 2009 година.

Акцизните добра обележани со старите контролни марки, подигнати до денот на отпочнувањето на примената на новиот правилник, остануваат во акцизно правен слободен промет до нивната продажба, а најдоцна до 30 април 2010 година.

Исто така, ги информираме даночните обврзници дека е извршена замена и на барањата Б-МЕА и Б-ТД, како и пријавите П-МЕА и П-ТД.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија