Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност на постапката за инсталација на кодовите за идентификација кои се користат за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер.
Повеќе информации во врска со инсталација на кодовите за идентификација може да се најдат на следниот линк
http://www.ujp.gov.mk/mk/kampanji/category/1266
Обврзниците кои имаат проблеми со инсталацијата на кодовите може да ги контактираат следните вработени од Управата за јавни приходи:
- Антонина Гојковиќ
телефон за контакт: 072/276-265
е-пошта: Antonina.Gojkovikj@ujp.gov.mk - Винко Тодороски
телефон за контакт: 075/327-435
е-пошта: Vinko.Todoroski@ujp.gov.mk
Дополнително, повторно би сакале да напоменеме дека кодовите за идентификација се користат само за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер, така што оние обврзници кои ќе поднесуваат МПИН пресметки преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 06 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на код за идентификација.