Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.04.2009
Демант - “МАКФАХ“ (текст: “Повторно застој со исплатата на бруто-платата“)

Во врска со текстот “Повторно застој со исплатата на бруто-платата”, објавен на веб порталот на Независната новинска агенција “Макфах“ на 01.04.2009/13:00 часот, Управата за јавни приходи информира за следното:

“Компјутерскиот софтвер на Управата за јавни приходи што ги обработува пријавите за платите на вработените не е блокиран и истиот функционира за примање на пресметки и обработка на мартовските плати.

Што се однесува до електронското поднесување на месечните пресметки за интегрирана наплата, УЈП постојано информира дека пресметките за плата задолжително треба да се поднесуваат за секој даночен обврзник одделно (еден даночен обврзник, еден меил). Декларацијата и налогот за плаќање се доставуваат од УЈП на е-Пошта на даночниот обврзник. најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Непочитувањето на насоките дадени од УЈП го отежнуваат поднесувањето на пресметките, нивната обработка, како и ја забавуваат исплатата на платите на вработените.

Од тие причини, не се точни тврдењата изнесени во текстот со кој се наведува дека повторно има застој со исплатата на бруто-платата.

Како што ги информиравме јавноста и даночните обврзници, во изминатиот период, за сите проблеми во врска со поднесувањето на пресметките за плата, УЈП и понатаму ќе информира за сите случаи, кога од било кои причини, би можеле или ќе се јават пречки при поднесувањето на пресметките и исплатите на платите.”

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија