Даночниот обврзник регистриран како самостоен вршител на дејност (СВД) или занаетчија кој поради определени околности не е во состојба да води деловни книги, или на кого нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање данокот за доходот остварен од вршење на дејност да го плаќа според паушално утврден нето-доход (паушално оданочување), согласно на член 29 од Законот за данокот на личен доход.
Барањето за паушално плаќање на данокот од доход се поднесува најдоцна до крајот на годината (31.12.2024 година) која претходи на годината (2025 година) за која се врши утврдување на данокот, или во рок од 15 дена од денот на регистрација во надлежен регистар или пред отпочнување на вршење на дејноста.
Барањето може да се достави во хартиена форма до подрачната даночна канцеларија на УЈП или во електронска форма преку системот е-Даночни услуги од страна на овластено лице (потписник).
Правото на паушално оданочување не се признава кај самостоен вршител:
- кој врши трговска, угостителска и комисиона дејност;
- кој вработува повеќе од едно лице, покрај обврзникот;
- во чија дејност вложуваат и други лица и
- чиј нето-доход во годината што и предходи на годината за која се врши утврдување на данокот е повисок од две годишни просечни бруто-плати по работник во РСМ, според податоците на Државниот завод за статистика.
Корисни информации
ДЛД-П - Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход
Доколку имате потреба од дополнителни информации или поддршка може да се обратите на:
• е-пошта: info@ujp.gov.mk
• Телефонски броеви:
📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200