Како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба (образец ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година која претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот.
Извештај ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар.
Во насока на унапредување на досегашната соработка, со цел ажурни и точни Извештаи (годишен и месечни) за корисниците на тезги на зелени пазари, со што не само што се постигнува висока усогласеност со законските обврски и се одбегнува примената на прекршочните одредби, туку се зголемува и усогласеноста на даночните обврзници - корисници на тезги на зелени пазари и се достигнува навремено и правично оданочување, цениме за потребно да Ве потсетиме на законските рокови и начини за постапување согласно Законот за данок на личен доход, како следи:
- Согласно член 86 од Законот за данок на личен доход трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, до Управата за јавни приходи треба да поднесе Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ДЛД-И/ЗП), најдоцна до крајот на годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот. Во таа насока потребно е навремено да склучите договори за закуп на тезги со физичките лица корисници на тезги.
- Доколку едно правно лице - организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, истиот треба да поднесе Извештај со податоци за секој одделен пазар.
- Доколку пазарот е од сезонски карактер - навремено дојавете до службено лице во Управата за јавни приходи која Ве администрира како даночен обврзник, со појаснување и прилог доказ се` со цел да се означи пазарот како таков во системот е-Даночни услуги.
Доколку имате потреба од дополнителни информации или поддршка може да се обратите на:
• e-пошта: info@ujp.gov.mk
• Телефонски броеви:
📞 Од фиксна линија: 0800 33 000