Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
03.11.2024
ЗАВРШИ ЕДНОНЕДЕЛНАТА ПОСЕТА НА УЈП ОД СТРАНА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ПРИХОДИ НА ММФ ФАД

Во периодот од 28 октомври до 1 ноември, Управата за јавни приходи имаше чест да биде домаќин на Мајкл Харди и Дмитриј Јегоров, претставници од администрацијата на приходите на ММФ ФАД. Целта на еднонеделната посета беше да се направи длабински преглед на зрелоста на клучните функции на даночната администрација, како и да се анализираат резултатите од претходните препораки за развој на капацитетите на УЈП.

За време на посетата, беа одржани бројни средби со новото високо раководство на УЈП, со кои активно се разговараше за имплементацијата на претходните препораки и приспособувањето на приоритетите за следната техничка помош.

     

Посебно внимание беше посветено на развојот на стратегиите за обука и поддршка на тимовите, што покажува посветеност кон континуирано подобрување и адаптација на новите предизвици и проектите кои се дел од стратешките приоритети на УЈП.

Новиот сет предизвици и проектите кои произлегуваат од стратешките приоритети на УЈП беа во фокусот на разговорите. На завршниот разговор со директорката на УЈП, Елена Петрова, и со Комитетот за стратешко и реформско управување, посебно внимание беше посветено на иницијативите и проектите од новиот стратешки план на УЈП за периодот 2025-2027, како и на Реформската програма на УЈП за периодот 2025-2028.

Оваа посета ја истакнува посветеноста на УЈП за континуирано подобрување на даночната администрација и за исполнување на стратешките цели, со цел зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работењето.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија