Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
31.10.2024
СОВЕТОДАВНА ПОСЕТА ПАЗАРОТ НА РАКОТВОРБИ ВО ГТЦ И НА ЗАКУПУВАЧИ НА ШТАНДОВИ НА ВИНОСКОП И ВО СКОПЈЕ

Претставници на Управата за јавни приходи го посетија пазарот за ракотворби во Градскиот трговски центар во Скопје и низ разговор со занаетчиите – учесници ги информираа за обврските од Законот за данок на личен доход и регистрирањето за вршење дејност од времен карактер. Со цел даночно усогласување, Управата за јавни приходи ги информира и физичките лица кои ќе вршат продажба на производи на отворено да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер за периодот додека вршат дејноста со цел да бидат даночно усогласени.

Даночните службеници разговараа и одржаа работна средба со дел од учесниците кои закупиле штандови за продажба на производи и услуги на „Виноскоп“, кој деновиве се одржува во Скопје.
На средбата на учесниците кои досега не биле дел од едукацијата а со свои штандови учествуваат и на претстојниот „Виноскоп“ ќе вршат промет на добра и услуги им беше укажано за обврската задолжително да користат одобрен фискален апарат и да издаваат фискални сметки, да го евидентираат остварениот промет на секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет.

   

Целта на овие активности на УЈП е преку навремено и превентивно укажување, учесниците на манифестации на отворено да се запознаат со даночните обврски кои ги имаат и на тој начин да придонесат кон поттикнување на доброволно почитување на даночните закони и создавање на фер услови за раст и развој на економијата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија