Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
18.10.2024
ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ, НЕ ЧЕКАЈТЕ, ПОДНЕСЕТЕ ГИ ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ НАВРЕМЕ

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок).
Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сèуште не ја исполниле својата обврска.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.
Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки.

Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето info@ujp.gov.mk.
Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите. За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200.

Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија