Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
05.09.2024
РАБОТНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ УЈП И УЧЕСНИЦИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИИТЕ ВО КАВАДАРЦИ И СТРУМИЦА

Денес претставници на Управата за јавни приходи одржаа работни средби со учесници кои закупиле штандови на манифестациите кои се одржуваат во претстојниот викенд.

Едната средба се одржа во Кавадарци по повод на претстојната манифестацијата Тиквешки Гроздобер, а другата средба се одржа во Струмица по повод манифестацијата ЕГЗИТ која ќе се одржи утре, 6 септември.

На  двете средби  од страна на претставниците од УЈП им се укажа  на учесниците кои ќе вршат промет на добра и услуги задолжително да  користат одобрен фискален апарат и во доволен број,  да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет, да издаваат фискални сметки а исто така на видно место да имаат истакнато соопштение со кое ги информираат купувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки.

Физичките лица кои ќе вршат продажба на производи во овие неколку дена додека трае манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ односно ,,Егзит“ да поднесат Барање за  паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП. На основ на поднесеното барање УЈП  издава решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста.

Семејните винарии кои на манифестацијата вршат продажба потребно е истото согласно член 71 од Законот за данок на личен доход  да го пријават приходот и да го платат данокот најдоцна десеттиот ден во наредниот месец.

Како институција Управата за јавни приходи  настапува превентивно и укажува на доброволно почитување  на даночните закони. Учесниците на манифестацијата знаат за обврските но секогаш постојат прашања кои заеднички на ваквите средби се разјаснуваат.

Усогласеното даночно работење носи значителни придобивки и за учесниците и за целокупната манифестација. Точното и правилно евидентирање на прометот обезбедува комплетна законска усогласеност, што пак од друга страна ја минимизира можноста за санкции и казни.

 

   

 

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија