27.08.2024
ПРЕКИН НА СИСТЕМИТЕ е-ПДД, е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ И МОЈДДВ НА 29 И 30 АВГУСТ
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.
Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ.
По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.
Апелираме до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.