Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
21.08.2024
СОСТАНОК УЈП - ОЕЦД ЗА MEЃУНАРОДНА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ДАНОЧНИ ЦЕЛИ

Прекуграничната размена на информации за даночни цели помеѓу даночните администрации е многу значајна за откривање и превенција на даночна евазија, за зголемување на приходите, обезбедување соодветна примена на даноците и договорите за одбегнување на двојно оданочување, домашна даночна усогласеност и заштита на сопствените даночни основи.
Имајќи ја во предвид глобализацијата на економијата, потребни се активности за мобилизација на приходите и зголемување на даночната усогласеност. Со тоа, ќе се намали загубата на приходите, а ќе се обезбеди правично оданочување и поголем процент на остварен приход. Токму затоа, РС.Македонија, како земја членка на Глобалниот форум на ОЕЦД е посветена на исполнување на меѓународните стандарди на ОЕЦД за транспарентност и размена на информации – размена на информации по барање и автоматска размена на информации

Досегашните и идните активности на овој план беа предмет на разговор на состанокот што се одржа вчера помеѓу директорката на Управата за јавни приходи, г-ѓа Елена Петрова и раководителот на Секретаријатот на Глобалниот форум на ОЕЦД за транспарентност и размена на информации за даночни цели, г-ѓа Зајда Маната.

На состанокот беше истакнато дека Управата за јавни приходи останува посветена на процесот за воспоставување на автоматска размена на информации за даночни цели преку имплементација на електронските системи за автоматска размена и исполнување на стандардите за безбедност и заштита на информациите, како и координација на активностите со Министерството за финансии заради искажување на формална заложба за отпочнување со процесот и донесување на потребната легислатива.

Даночната администрација треба да биде транспарентна, правична, ефикасна и ефективна, а размената на даночни информации согласно меѓународните стандарди, особено автоматската размена на информации, ги обезбедува овие можности во постоечката глобализирана и дигитализирана економија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија