Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
14.08.2024
КОНТРОЛИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА

Даночни инспектори и контролори изминатиот викенд извршија акциски контроли во 80 објекти во Прилеп по повод манифестацијата Пиво фест, односно во континуитет беа присутни на теренот меѓу даночните обврзници и директно следеа дали се регистрира прометот.

Примарната цел на присуството на УЈП на овој настан беше да се превенира неиздавањето на фискални сметки, односно да се обезбеди сите даночни обврзници уредно и целосно да го регистрираат готовинскиот промет во текот на целиот настан. Со контролите беа опфатени даночни обврзници кои пријавиле учество на настанот, но и други даночни обврзници од регионот на Прилеп. Неправилности беа утврдени кај шест даночни обврзници согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, и тоа кај еден даночен обврзник за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, четири даночни обврзници не поседуваа резервна фискална апаратура, и еден даночен обврзник не водел книга за дневни финансиски извештаи.

Управата за јавни приходи продолжува со засилените контроли но и со средби и едукација со даночните обврзници со цел намалување на бројот на компаниите кои не се даночно усогласени.
Граѓаните кои се соочуваат со не издавање на фискална сметка или им се издава сметка која не ги содржи елементите на фискалната сметка ги повикуваме да пријавуваат на бесплатните телефонски линии на УЈП 198, или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на e-маил на info@ujp.gov.mk како и преку апликацијата МојДДВ.

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија