Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
13.08.2024
ИНТЕНЗИВНИ ПОДГОТОВКИ ВО УЈП ЗА СТАРТ НА ПРОЕКТОТ е - ФАКТУРА

Во Управата за јавни приходи се прават интензивни подготовки за имплементација на проектот е-Фактура.
Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури.

На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-Фактура.
ИТ компаниите ја препознаваат е-Фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите.

Изјавија: - "Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители".
Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето и сл.

   
     

Системот е-Фактура Управата за јавни приходи планира да го развива и тестира во 2025 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија