Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
07.08.2024
РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ЦАРИНСКАТА УПРАВА

     

Директорите на УЈП и ЦУ, Елена Петрова и Бобан Николовски заедно со претставници од двете институции на работната средба што вчера се одржа во просториите на Царинската Управа посочија дека се работи на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија со фокус на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Управата за јавни приходи со системите Царинската управа.

Ваквото вмрежување на УЈП и ЦУ и со подоброто користење на податоците ќе овозможи рано детектирање на даночни неусогласености и злоупотреби - истакна директорката Елена Петрова и посочи дека планираните нови деловни процеси во УЈП, меѓу кои и е-фактура, ќе придонесат на пазарот да опстојат само компаниите кои се даночно дисциплинирани, елиминирајќи ги оние кои се надвор од формалната економија.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски истакна дека фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави.

Покрај потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија, на состанокот се разговараше и за можностите за споделување на искуства во делот на работата со масовни податоци и заштитата на системите и податоците.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија