Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
23.07.2024
НАВРЕМЕНО И ТОЧНО ПЛАЌАЊЕ ДАНОК – ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ НА УЈП И СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ

Понеделник 22.07.2024 година

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова во текот на вчерашниот ден оствари две одделни работни средби со претставници на сметководителите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) и Комора на сметководители на Македонија (CAM).

     

Во рамки на средбите една од главните теми беше дека навремено поднесување на ДДВ пријавите во законскиот рок, но и точното пријавување без дополнителни исправки на пријавите, како и плаќањето на точен износ на данок во законскиот рок е заеднички предизвик и за Управата за јавни приходи и за самите сметководители односно компании.

Ова се најважните компоненти за даночниот рејтинг на една компанија се согласија сите и во таа насока разговараа и за предлогот на компаниите за објавување "бела листа" на даночни обврзници, за што директорката истакна дека Управата за јавни приходи во следниот период ќе најде можност да го обелоденува даночниот рејтинг и да ги промовира позитивните примери за одговорно даночно однесување.

     
   

Се истакна и тоа дека услугите на сметководителите кон нивните клиенти, во најголем дел се поврзани и зависат од процесите во Управата за јавни приходи, и сметководителите очекуваат од УЈП да добиваат конзистентни пристапи, унифицирани пракси, навремени услуги, соработка во регулацијата на овластувањата за поднесување даночни пријави и биланси и сл. Состаноците завршија со заклучоци за формализирање на соработката меѓу УЈП и овие здруженија на сметководителите во предстојниот период.

На овој начин првенствено УЈП ќе стекне сигурност дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите за точно исполнување на даночните обврски.

Воедно, УЈП ќе има партнер при имплементирањето на одржливи дигитални услуги според практичните потреби и можности на директните корисници.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија