03.07.2024
ПОЧИТУВАНИ ДДВ ОБВРЗНИЦИ ДАЛИ ЗАПОЧНАВТЕ СО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ДДВ-04?
УЈП очекува 40 509 пријави за ДДВ до 25 јули.
Ве повикуваме да ги искористите следните бенефити од раното поднесување:
- Дознајте порано дали Вашата пријава е примена и обработена без грешки
- Навремено испланирајте го Вашиот буџет за исполнување на даночните обврски.
- Добијте го порано бараниот ДДВ. Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажано барање за враќање.
- Избегнете го стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент.
- Спокојно користете го месецот на годишни одмори.