СКОПЈЕ - Од 6 до 7 декември 2010 година, даночните обврзници и сите заинтересирани страни имаат можност да го посетат штандот на Управата за јавни приходи на 9-тиот по ред Саем за финансии, деловни можности и економски развој - ФИНЕКСПО 2011, кој на едно место ги собира сите релевантни фактори од финансискиот сектор и бизнис заедницата.
На штандот на УЈП, лоциран на I кат, на самиот влез (од левата страна) на Управната зграда на Скопски саем, покрај информативен материјал, на посетителите ќе им бидат достапни советите и стручната помош на даночните експерти на УЈП во врска со сите прашања од сферата на даночната проблематика (ДДВ, персоналниот данок на доход, данокот на добивка, бруто-плата, фискализација, утврдување и плаќање на даноци, отворање на бизнис и сл.).
|
|
ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
Тема: ОБУКИ „е-Даноци - Електронско пријавување на даноци http://etax.ujp.gov.mk/
Целни групи: Правни лица, самостојни вршители на дејност, сметководствени бироа
Датум: 06.12.2011/ вторник и 07.12.2011/среда
Место: Бизнис сала во Конгресен центар, Управна зграда на Скопски саем
Време: 13.00 – 14.00 часот
За време на специјализираната саемска манифестација, даночните обврзници (правни лица, самостојни вршители на дејност, сметководствени бироа) ќе имаат можност да ги посетат и обуките на УЈП за „е-Даноци - Електронско пријавување на даноци http://etax.ujp.gov.mk/ преку кои ќе добијат и практични искуства за:
- Електронско поднесување на даночна пријава
- Електронски увид во даночна картица
- Постапка за регистрација и начин на користење на системот е-Даноци
За учество на обуките, кликни тука.
Тема: ПРОМОЦИЈА „Електронски јавни аукции http://e-aukcii.ujp.gov.mk/“
Целни групи: Претставници на медиуми
Датум: 07.12.2011/среда
Место: Бизнис сала во Конгресен центар, Управна зграда на Скопски саем
Време: 12.00 – 13.00 часот
Во рамките на програмските активности на ФИНЕКСПО 2011, Управата за јавни приходи ќе ја промовира и новата услуга „Електронски јавни аукции http://e-aukcii.ujp.gov.mk/“, со која се воведува нов начин на продажба на движните и недвижните ствари кои биле запленети во постапка на присилна наплата од страна на УЈП.