Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Конференција за медиуми - ПОДДРШКА ОД ЕУ ЗА ПОДОБРЕНИ УСЛУГИ ЗА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ
Вторник, 28.11.2017 11:00 - 12:00, Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје

Во вторник, 28 ноември 2017 во 11.00 часот, во УЈП - Регионалната дирекција Скопје ќе се одржи јавен настан за промоција на помошта од ЕУ за Управата за јавни приходи. На настанот, свое обраќање ќе имаат: Н. Е. Самуел Жбогар, Амбасадор, Шеф на Делегацијата на Европската Унија; г. Драган Тевдовски, Министер за финансии; г-ѓа Сања Лукаревска, Директорка на Управата за јавни приходи.

Улогата на една модерна даночна администрација не е само наплатата на даноците, давачките и придонесите, туку и континуирано да инвестира во намалувањето на административното оптоварување за даночните обврзници преку подобрување на даночните услуги и поедноставување на процедурите.
Во текот на последните три години, седум проекти финансирани од ЕУ, со вкупна вредност од 1,5 милиони евра овозможија јакнење на квалитетот на даночните услуги преку воспоставување на методи и алатки за ефективно информирање и комуникација, како и градење на капацитетите на Управата за јавни приходи за подобрување на квалитетот на даночните услуги и соработката помеѓу даночните обврзници и Управата за јавни приходи.
Kонтакт центарот на Управата за јавни приходи е реновиран, обезбеден е канцелариски мебел, како и нов интегриран ИТ систем за Повикувачкиот центарот и друга опрема.
Нови кориснички ориентирани даночни услуги се развиени т.е. дизајнира е веб страница за Контакт центарот за да нуди навремени информации и модерни он-лајн услуги за даночните обврзници, како и можност да се закажат лични консултации. Исто така, набавени се мобилни даночни шалтери, со цел да се овозможи пристап до даночните услуги за граѓаните кои живеат во најоддалечените области. Покрај тоа, капацитетите на УЈП за испорака на ефикасни даночни услуги се подобрени по пат на поддршка, трансфер на знаење и примена на најдобри практики со помош на Шпанската даночна администрација – Agencia Tributaria.
Воспоставеното опкружување по мерка на корисниците во Контакт центарот на УЈП, поддржано со проекти финансирани од ЕУ, сега овозможува лесен пристап до даночни информации и намалено време и трошоци за комуникација помеѓу даночните обврзници и даночната администрација.
Поддршка на ЕУ за реформа на даночната администрација продолжува. Проекти веќе се планирани во рамки на ИПА II во вкупен износ од 6, 4 милиони евра.

Новинарите и фоторепортерите се поканети да присуствуваат на настанот.

Лице за контакт
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија