Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Намалувањето на неформалната економија е стратешки приоритет на УЈП
16.05.2019

За „Бизнис Регулатива“ 16.05.2019 година

Денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје со почеток во 11 часот Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, ќе одржи форум на тема: „МЕХАНИЗМИ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ“. Тоа беше поводот на оваа тема да поразговараме со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска

Каква е актуелната ситуација на терен? Колкав е процентот на сивата еконимија во земјата?

По својата природа, големината на сивата економија е тешко да се измери. Постојат повеќе методологии за мерење на големината на сивата економија, меѓу нив е и идентификување на трендот со текот на времето, искажување на сивата економија како процент од бруто домашниот производ и други.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2012 година неопфатената (сивата) економија изнесува 19.2% од БДП. Мерење на големината на сивата економија е извршено и од страна на повеќе институти за економски истражувања и анализи, според кои уделот на неформалната економија во Република Северна Македонија се движи помеѓу 24% и 47% од БДП, пресметано според различни мерни методи.

Каде најчесто ја има сивата економија, во кои дејности?

Сивата економија се јавува во различни форми, а најчесто кај нерегистрирани бизниси, односно даночни обврзници кои вршат дејност нерегистрирани со што се создава лош амбиент за работа на компаниите коишто се легално регистрирани, ги почитуваат законските обврски и редовно плаќаат данок.

Друг начин којшто одредени данони обврзници го користат за избегнување на плаќање на данок, а со што се зголемува процентот на сивата економија е прикривање на приходот од страна сопственици на фирми од различни дејности, почнувајќи од мали трговци кои нецелосно го евидентираат готовинскиот промет, па до големи обврзници кои се вклучени во разни шеми на измами.
Работејќи на решавање на овој горлив проблем, нотирано е и остварување на приходи од неидентификувани извори, поточно правни или физички лица кои остваруваат приходи од инвестиции или сопственост коишто не и се познати на даночната администрација. Натаму, детектирани се даночни обврзници кои нереално ги зголемуваат трошоците за да искажат помала добивка преку лажни фактури и сметки, физички лица кои вршат дополнителна дејност после работното време, а не го пријавуваат приходот, даночни обврзници кои ангажираат вработени на црно, кои примаат плата во готово без да бидат платени даноци и придонеси, како и ДДВ измами, поточно даночни обврзници кои бараат поврат за ДДВ или искажуваат влезен ДДВ кој е фиктивен прикажан преку фиктивни фактури.

Какви механизми презема УЈП за сузбивање на сивата економија?

Намалувањето на неформалната економија е стратешки приоритет и цел на Управата за јавни приходи и во тој контекст континуирано се спроведуваат активности насочени за реализација на стратешката цел. За поефикасна борба и значително намалување на сивата економија потребни беа и измени во законската регулатива, добра соработка со надлежните институции, но и фискална едукација кон што и се пристапи. Со цел намалување на фискалната евазија со измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања се пропишува законска обврска за приложување на фискална сметка кон сметката којашто се сторнира. Исто така се пропишува и временско ограничување од 15 минути за сторнирање сметка за пијалаци и храна во ресторани, кафулиња, дискотеки и во обложувалници. При издавање на фискална сметка ќе треба точно да се внесе начинот на плаќање, дали се плаќа во готово или со платежна картичка. УЈП иницираше измени и на Законот за даночна постапка (ЗДП) за низа одредби врз основа на коишто се регулираат постапките на Управата за јавни приходи.
Значителна измена е предложена во делот на третманот на нерегистрираните даночни обврзници. Имено, со предложените измени се заоструваат критериумите за санкционирање на овој вид на даночни обврзници. Во тој контекст се зголемуваат глобите како и се пропишува задолжителна мерка привремена забрана за вршење на дејност на нерегистрираните даночни обврзници. Покрај наведеното, со измените на Законот за даночна постапка се прецизира и постапката на службената регистрација и задолжување на овој вид на даночни обврзници.
Управата за јави приходи континуирано е насочена кон изнаоѓање на ефикасни методи и стратегии за сузбивање на сивата економија и преку соработка со сродните институции. Претставници од Управата за јавни приходи заедно со претставници од Министерството за економија, Министерството за финансии, Кабинетот на заменик претсеедателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за екосомски прашања, државните инспекторати и други е вклучена во работната група за подготовка на Стратегијата за формализирање на неформалната економија во период 2018-2022, чијашто цел е креирање на сеопфатен и конзистентен систем за ефикасно намалување на неформално вработените, нерегистрираните деловни субјекти и неформалните активности во рамките на формалната економија.

Кои методи и активности коишто досега ги превзема УЈП за сузбивање на сивата економија се покажале како ефикасни?

Во текот на 2018 година, со оглед на позитивните резултати остварени во 2017 година, УЈП спроведе анализа на приходите на лица кои остваруваат приходи по основ на вршење на ИТ услуги преку специјализирани интернет страни познати како Freelancers. Со цел превентивно делување, 34 лица беа известени и повикани од Даночниот инспекторат доброволно да го пријават и платат данокот од дејноста што ја обавуваат. Вкупните приходи кои ги искажале овие лица за 2016 година по основ на вршење на дополнителна дејност тогаш изнесувал 845 илјади 932 денари. По доставата на известување од страна на УЈП вкупните приходи кои ги искажале истите лица за 2017 година изнесуваат 8 милиони 486 илјади 667 денари. Овој метод се покажа како ефикасен во пракса поради што УЈП и често го применува.
Во текот на 2018-та година беа спроведени вкупно 7.148 контроли за фискализација, од коишто кај 826 контроли беа утврдени неправилности во најголем дел кај обврзници во Скопје, а територијално застапено, помалку или повеќе ги има во сите поголеми и помали населени места во Република Северна Македонија.
Во првиот квартал од 2019 година, беа спроведени вкупно 606 контроли за фискализација, а неправилности беа утврдени во 229 контроли, во најголем дел повторно кај обврзници во Скопје. При контролите за фискализација, најчести утврдени неправилности се неиздавање на фискални сметки, односно користење на компјутерски сметки/маркери како замена за фискална сметка, непоседување на резервен Фискален систем на опрема како и непоседување и неевидентирање на податоци во Книга за дневен финансиски извештај и итна сметководствена книга.
Очекуваме во иднина новите законски измени, методите и стратегијата којашто ја развива и практикува Управата за јавни приходи заедно со останатите надлежни институции, како и соработката со даночните администрации од регионот, значително да придонесат за видливо намалување на сивата економија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија