Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
Зајакната меѓународна соработка: УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање
04.06.2025

Во периодот од 2-3 јуни 2025 година, делегација од Управата за јавни приходи, предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета во Република Турција со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на оданочувањето и надворешната контрола.

За време на посетата беа одржани средби со претставници на Турската даночна администрација (Turkish Tax Administration of the Ministry of Treasury and Finance of the Republic of Türkiye) и Турскиот одбор за даночна инспекција при Министерството за финансии и трезор на Република Турција (Turkish Tax Inspection Board of the Ministry of Treasury and Finance of the Republic of Türkiye). Во рамки на средбите заеднички се работеше на усогласување на содржината на два Меморандума за разбирање, кои на крајот од посетата беа и формално потпишани.

Првиот Меморандум за разбирање го потпишаа директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, и директорот на Турската даночна администрација, г. Бекир Бајракдар. Со него се утврдуваат области за блиска и ефикасна соработка со размена на искуства и добри практики поврзани со дигитални алатки, системи за оданочување, услуги за даночни обврзници и законски и регулаторни рамки.

Вториот Меморандум за разбирање, потпишан од директорката Петрова и директорот на Турскиот одбор за даночна инспекција, г. Мухсин Атчи, е со посебен фокус на заемно претставување и разбирање на системите и дигиталните алатки што ги користат институциите, размена на искуства, добри практики и активности за унапредување на системите за анализа на ризик, даночната контрола и мерки за откривање, спречување и сузбивање на даночната евазија и сивата економија.

Со потпишување на овие Меморандума за разбирање се постави темел за идни, уште поинтензивни активности и размена на знаење меѓу даночните администрации на двете земји. Проширувањето на оваа соработка претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните односи и остварување на заеднички цели. Преку заеднички пристап кон прекуграничните предизвици и размена на експертиза, двете страни ја нагласуваат својата посветеност кон ефикасно и современо даночно управување.

01_thumb   02_thumb   03_thumb   04_thumb  
 
 
 
 
               
05_thumb   06_thumb   07_thumb   08_thumb  
 
 
 
 
               
09_thumb   10_thumb   11_thumb      
 
 
     
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија