Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
ОДРЖАНИ СРЕДБИ СО ЖЕНИ ПРЕТРПИЕМАЧКИ ВО БИТОЛА И ГОСТИВАР
02.12.2022

Средбите со жени претприемачки и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, кои се дел од активностите на Управата за јавни приходи по повод Денот на даночните работници продолжија и во декември.

Претприемачките од Тетово, Гостивар Дебар и Кичево со кои денеска во Гостивар се сретна Лукаревска, побараа повеќе информации за даночните реформи, вмрежување на жените менаџерки и нивно позиционирање во бизнисот. Претприемачките прашуваа за даночните реформи и се интересираа за изворите од каде може да се обезбедат средства за отворање на бизнис и нов сет на мерки за помош во стопанство за пребродување на енергетската криза. Директорката ги информираше присутните дека нема зголемување на постојните ниту воведување на нови даноци, дека се укинува прогресивниот данок, а данокот на личен доход останува на 10% и ДДВ останува 18%. Пред присутните појасни дека се креира праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој ќе обезбеди стабилни приходи и услови за економски раст.

Ваква средба со жени претприемачки се одржа и на 1 декември (четврток) во Битола на која присуствуваа жени менаџерки од Ресен, Демир Хисар и Битола кои ја поздравија оваа пракса на директна комуникација со даночните обврзници и го споделија позитивното искуство од соработката со даночните работници, се согласија дека низ разговор и дијалог може да се надминат одредени недостатоци со кои се соочуваат при своето работење.
Во изминатиот период Лукаревска се сретна со близу 500 жени менаџерки од повеќе региони на државата.

_________1_thumb   _________2_thumb   _________3_thumb   _________thumb  
 
 
 
 
               
______________2_thumb   ______________4_thumb   ______________3_thumb   ______________thumb  
 
 
 
 
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија