Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
ДОНАЦИЈА НА ДАНОЧНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО БЛУ ПАЗЛ ОД ГОСТИВАР
02.12.2022

Преку традиционалната хуманитарна акција на Управата за јавни приходи, која се спроведува по повод Денот на даночните работници - Св. Матеј, вработените во Управата за јавни приходи секоја година покажуваат иницијатива и општествена одговорност за помош на ранливи категории на граѓани со давање на доброволен паричен прилог. Оваа година донацијата од даночниците оди кај Здружението на родители на деца со аутизам Блу Пазл во Гостивар.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и заменик директорот Авдуљ Селам Селами во име на вработените, денеска во Гостивар ја предадоа донацијата. Сите производи и практичните помагала се одбрани во консултација со одговорните и стручни лица на Здружението.

„Со оваа донација ќе може да придонесеме дечињата посетители на здружението да добијат можност за побрз развој и интеграција. Персоналот на Блу пазл и дечињата ќе можат етапно, да работат и поединечни и групни вежби, третмани кои се засноваат на игра со кои ќе се придонесе за развој на сетилата, моторните и когнитивни вештини, подобрување на вниманието и концентрацијата, а ќе се развива и јакне и нивната социјализација . “- истакна Лукаревска.

Од Здружението Blue puzzle се заблагодарија за донацијата и појаснија дека со овие помагала децата посетители на оваа Здружение ќе имаат можност за брза интеграција и подобар квалитет на живеење а позитивно се одразува и врз самостојноста. Претседателот на здружението, Ваљон Емини истакна дека поддршката и гестот што УЈП го направи со донацијата е пример кој треба да го следи и државата и сите општествени чинители.

Општествената одговорност е концепт кој е втемелен во срцата на даночните работници кои со години наназад под мотото ,,Биди човек, биди хуман,, во рамки на одбележување на Денот на даночните работници ја покажуваат својата хуманост.

01-02   02-02   03-02   04-02  
 
 
 
 
               
05-02              
             
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија