Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
ПРЕКУ КОНКРЕТНИ МЕРКИ ДО ЕДНАКВИ УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
28.11.2022

Денес во Клубот на пратеници се одржа тркалезна маса на тема „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“. На тркалезната маса присуствуваа и сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, амбасадорот на Р. Словенија во земјава Милан Предан, претставници од стопанските комори и занаетчиската комора, здруженија на жени претприемачки и претставници од НДИ, УНДП и ММФ.

Настанот го отвори директорката на УЈП Сања Лукаревска која истакна дека во планирањето и креирањето на политиките сите заедно, секој согласно ингеренциите да дадеме придонес за создавање на поволни услови за родова еднаквост и преку конкретни мерки да им дадеме ветер во грб, да креираат бизниси, да создаваат поголема додадена вредност на домашното производство и да бидат мотив за идните генерации.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска, ја поздрави оваа организација на Управата за јавни приходи и истакна дека инклузивниот развој и економското зајакнување на жената е економско зајакнување на државата во целост, онаму каде што жените се избориле државата побргу заздравува – рече Ѓорѓиевска.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во своето обраќање рече ,,Се гордеам што се зголемува бројот на успешни жени коишто се вклучени во раководењето со компании во реалниот сектор и тоа голем дел од нив на големи успешни компании, кои со својот пример поставуваат нови правила на игра и ги мотивираат и останатите жени на борба, на истрајност и на одлучност во приватниот сектор. Министерката исто така појасни дека со програмите и мерките на министерството преку обуки и вештини преку десет илјади жени успеале да вработат.

Амбасадорот на Р.Словенија, во РСМ, Милан Предан, истакна дека жените заедно со поддршката од мажите можат да одат напред. ,,Потребен е и пристап до финансии, кредити кои ќе овозможат да се отвораат нови фирми како и модел на жени успешни жени кои ќе бидат мотив за идните генерации.“ – појасни амбасадорот Предан.

Претседателката на Национална платформа на женско претприемништво Валентина Дисоска истакна дека нивното здружение со своите активности веќе направиле еден вид придвижување. Дигитализацијата односно современите алатки за водење бизнис е она што недостасува кај жените и токму на тоа НПЖП во иднина ќе се фокусира и побара намалување на сивата економија и поголема фискална дисциплина. Останатите говорници исто така истакнаа дека со институционална соработка и меѓусебна поддршка со менторски програми и обуки, да се влијае врз подигање на свеста за развојот на женското претприемништво и нивно вмрежување и меѓусебно помагање за уште поголем придонес и во економијата и во општеството.

Тркалезната маса беше во организација на Управата за јавни приходи како една од активностите што Управата за јавни приходи ги спроведува овој месец по повод одбележување на Денот на даночните работници.

_____1_thumb   __________thumb   ___________thumb   ________thumb  
 
 
 
 
               
_______thumb   _____thumb   _____thumb      
 
 
     
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија