Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Директорката Сања Лукаревска на Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот
19.06.2018

(Бечичи, 14-16.06.2018) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска присуствуваше на Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот, кој се одржа во периодот од 14 до 16 јуни 2018 година во Бечичи, Република Црна Гора на тема „Финансиска и монетарна стабилност во регионот 10 години после глобалната финансиска криза“.
Самитот, веќе седма година по ред традиционално ги собира првите луѓе на институциите задолжени за управување со јавните финансии и овозможува размена на искуства за справување со предизвиците со кои се сретнуваат сите земји од регионот. Панелот посветен на даночните управи, со кој претседаваше Директорот на даночната администрација на Црна Гора, г-дин Миомир М. Мугоша овозможи размена на искуствата на даночните администрации од регионот поврзани со реформите, наплатата на приходите, јакнењето на проактивниот пристап кон даночните обврзници, ефектите врз даночните администрации од интеграцијата во Европската Унија, потребата за соработка во борбата против сивата економија...
Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот беше организиран од неделникот „НИН“, под покровителство на Централната банка, Министерството за финансии и Даночната управа на Република Црна Гора.

Nin_samit_poreska_uprava_obunic0_thumb   Nin_samit_poreska_uprava_obunic3_thumb   Nin_samit_poreska_uprava_obunic14_thumb   Nin__samit_ministri_finansija_150618_ras_foto_o_bunic02_thumb  
 
 
 
 
               
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија