Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
22.01.2026
БРУТО ПЛАТА 2026 - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во Јануари 2026 година изнесува 69.141 денар согласно објавата од Државен завод за статистика

Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2026 година.

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2026 година изнесува 34.570,00 денари (50% од 69.141.00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.106.256,00 денари (16 x 69.141,00)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за самовработено лице изнесува 829.692,00 денари (12 x 69.141,00)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар. 

Просечната плата по работник во РСМ
2028  2027  2026 2025 2024
/  /  69.141 63.154 57.609
 2023 2022  2021 2020  2019
49.397 43.509 41.141 38.319 36.017
2018 2017 2016 2015 2014
34.079 32.877 32.268 31.644 30.902
2013 2012 2011 2010 2009
30.595 30.591 30.349 29.829 27.507
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2026 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата..

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија