Просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во Јануари 2026 година изнесува 69.141 денар согласно објавата од Државен завод за статистика.
Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2026 година.
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2026 година изнесува 34.570,00 денари (50% од 69.141.00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.106.256,00 денари (16 x 69.141,00)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2026 година за самовработено лице изнесува 829.692,00 денари (12 x 69.141,00)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар.
| 2028 |
2027 |
2026 |
2025 |
2024 |
| / |
/ |
69.141 |
63.154 |
57.609 |
| 2023 |
2022 |
2021 |
2020 |
2019 |
| 49.397 |
43.509 |
41.141 |
38.319 |
36.017 |
| 2018 |
2017 |
2016 |
2015 |
2014 |
| 34.079 |
32.877 |
32.268 |
31.644 |
30.902 |
| 2013 |
2012 |
2011 |
2010 |
2009 |
| 30.595 |
30.591 |
30.349 |
29.829 |
27.507 |
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2026 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата..