На почетокот на оваа работна недела Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници на редовната даночна обврска - поднесување на ДДВ-04 за изминатиот даночен период. Во август се поднесува ДДВ-04 за период 01.07.2024-31.07.2024 година. Даночните обврзници од Регионална дирекција Прилеп минатата недела беа последни на скалата по процент на поднесени ДДВ-04, денес тие се пред Регионална дирекција Битола и Регионална дирекција Штип, додека обврзниците од Регионална дирекција Тетово сеуште се со највисок процент поднесени даночни пријави - (види линк) |