Memorandum_mk
12.08.2024
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РЕДОВНАТА ДАНОЧНА ОБВРСКА - ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04

         

На почетокот на оваа работна недела Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници на редовната даночна обврска - поднесување на ДДВ-04 за изминатиот даночен период. Во август се поднесува ДДВ-04 за период 01.07.2024-31.07.2024 година.
Рокот за поднесување на пријавата од денешен аспект може се гледа дека е далеку, но вие не го чекајте последниот ден и поднесете ја даночната пријава уште денес.

Даночните обврзници од Регионална дирекција Прилеп минатата недела беа последни на скалата по процент на поднесени ДДВ-04, денес тие се пред Регионална дирекција Битола и Регионална дирекција Штип, додека обврзниците од Регионална дирекција Тетово сеуште се со највисок процент поднесени даночни пријави - (види линк)

УЈП секојдневно го надгледува овој процес и апелира за навремено поднесување на сите даночни пријави.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија