Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Фото галерија
05.10.2012
Даночна академија - Фискална едукација на младите
Скопје – На 5 октомври 2012 година во посета на Управата за јавни приходи беа група на ученици од Средношколска академија за бизнис и администрација (САБА). На оваа посета учениците имаа можност да се запознаат со структурната организација на УЈП, законите според кои се раководи, со даноците и другите јавни давачки кои се во надлежност на Управата за јавни приходи, како и со работењето на Контакт центарот.
 
06.12.2011
ИОТА работилница - „Хоризонтален третман – Нови форми и искуства за унапредување на односите помеѓу даночните администрации, даночните обврзници и даночните посредници“
Скопје - Управата за јавни приходи, во соработка со Интра – европската организација на даночни администрации (ИОТА), беше домаќин на работилница на тема: „Хоризонтален третман – Нови форми и искуства за унапредување на односите помеѓу даночните администрации, даночните обврзници и даночните посредници“ која се одржа во периодот од 30 ноември до 2 декември 2011 година. На настанот учествуваа 35 претставници од 20 земји земји членки на оваа меѓународна организација...
 
06.12.2011
Даночна академија - Одржана обука за цариници „Унапредување на знаењата од областа на сметководството и вршење на контрола“
Скопје - На 30 ноември 2011 година, во просториите на Царинската Управа, се одржа обука за вработените во Царинската Управа на тема „Унапредување на знаењата од областа на сметководството и вршење на контрола“. На обуката, организирана во рамките на Даночната Академија на УЈП, цариниците имаа можност покрај теоретскиот дел, да работат и на практични примери во делот на законската регулатива за водење на сметководство контен план, годишна пресметка и биланси, како и во делот на стратегијата за вршење на контрола, избор на случаи за контрола, подготовка на контрола, контрола, евалуација на резултатите од контрола и случаи на даночни измами.
 
28.11.2011
Промовирана Даночната академија на УЈП
Скопје – На 27 ноември 2011 година, Управата за јавни приходи ја промовираше Даночната академија. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и директорот на УЈП, Горан Трајковски со потпишувањето на Повелбата на Даночната академија симболично го отворија првиот час. Едукацијата преку даночната академија ќе се одвива во четири фази. Во првата ќе бидат едуцирани вработените во УЈП, втората фаза ќе ги вклучи и останатите вработени во државната администрација...
 
27.11.2011
Работилница - Зголемување на даночната култура во Р. Македонија преку ефикасна комуникација на УЈП и медиумите
Охрид – Од 25 до 26 ноември 2011 година, се одржа Работилницата на тема „Зголемување на даночната култура во Р. Македонија преку ефикасна комуникација на УЈП и медиумите“. На настанот, реализиран во рамките на „Проектот за даночна реформа“ (ЕУ ИПА 2007), учествуваа новинари од 15 медиуми и претставници на раководството на Управата за јавни приходи, кои преку дискусија, размена на сопственото искуство и искуството на странските даночни експерти, ги дадоа и препораките како да се унапреди меѓусебната комуникација помеѓу УЈП и медиумите, а се со цел подобро информирање на јавноста и зголемување на даночната култура во Р.М.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија