Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Даночен речник - преглед по поими

Даночниот речник опфаќа дефиниции на поими и кратенки кои директно или индиректно се поврзани со даночното работење. Како систематизиран материјал, речникот првенствено е сублимат на терминологија опфатена и дефинирана во законските и други прописи.


У
Уверение за платени даноци и придонеси

Писмен документ кој го издава Управата за јавни приходи на барање на даночниот обврзник, со кој се потврдува дека истиот нема долгови по основ на даноци и придонеси.

(види и управа за јавни приходи)
 
Увид во управна постапка

Се врши кога за утврдување на некој факт или за разјаснување на суштествени околности е потребно непосредно забележување на службеното лице кое ја води постапката.

 
Увоз на добра

Внесување на добра преку Царинска линија на Република Северна Македонија и внесување на добра од слободни зони, царински зони и царински складови во земјата.

 
Увозни давачки

Царина и други давачки со еднаков ефект на царина кои се плаќаат при увоз на стока.

 
Удел во трговско друштво

Севкупност на права и обврски кои содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во јавното трговско друштво, командитното друштво и друштвото со ограничена одговорност, при што секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност.

 
Управа за јавни приходи

Даночен орган на државата, со својство на правно лице во состав на Министерството за финансии.

 
Управа за финансиска полиција

Орган во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице, која ги врши работите на финансиската полиција, како што се: спроведување финансиска контрола, финансиска истрага, откривање и документирање на кривични дела од областа на организираниот финансиски криминал кои се гонат по службена должност, спроведување на предистражни мерки со цел да се откријат и обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што можат да послужат како доказ, поднесување на кривични пријави до надлежниот јавен обвинител и др.

 
Управа за финансиско разузнавање

Орган во состав на Министерството за финансии надлежен за прибирање, обработување, анализа, чување и доставување на податоците добиени од субјектите кои се обврзани за преземање на мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

 
Управен спор

Право на даночниот обврзник против решението по жалба, да поднесе тужба пред Управниот суд. Управен спор може да се поведе и против првостепен управен акт кога не е предвидена правна заштита во управна постапка во втор степен. Управните спорови во Република Северна Македонија ги решаваат: Управниот суд како првостепен суд, Вишиот управен суд како второстепен суд и Врховниот суд на РСМ кој одлучува по вонредни правни средства во случаите кога тоа е уредено со Законот за управни спорови. Судот во управните спорови обезбедува законитост и судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица. Управнио спор се води: против управен акт донесен во втор степен (конечен управен акт); против првостепен управен акт против кој нема место за жалба во управната постапка; кога надлежниот орган по барањето, односно по жалбата на странката не донел соодветен управен акт, под условите предвидени со Законот за управните спорови; за повреда на одредбите од управните договори, согласно со одредбите од Законот за управните спорови.

(види и управен суд)
 
Управен суд

Одлучува по тужби против управни акти донесени од фондови, јавните претпријатија, установи, организации и заедници, здруженија и други организации и заедници, кога во вршењето на јавни овластувања решаваат во управни работи и склучуваат управни договори. Управниот суд одлучува во прв степен и по тужби против решенијата на градоначалникот, кога решава во управни работи и склучува управни договори.

 
Управни работи

Сите акти и дејствија преку кои се изразуваат и извршуваат надлежностите на јавната администрација.

 
Утврдување на данок

Пресметување на данокот преку самооданочување или со донесување на даночно решение од страна на Управата за јавни приходи.

(види и даночно решение, самооданочување)
 
Учесник во игрите на среќа и во забавните игри

Лице кое ги исполнило условите определени со правилата на играта на среќа и забавната игра утврдени од страна на приредувачот на играта на среќа, односно приредувачот на забавната игра.

 
Учесник во платен промет

Домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќања во денари преку носителите на платниот промет.

 
Учество во добивката на трговското друштво

Содружниците, односно акционерите учествуваат во поделбата на добивката што им припаѓа во трговското друштво, под услови и начин утврдени со Законот за трговски друштва и договорот за друштвото, односно со статутот.

 
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија