Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Поднесување на пресметка и исплата на бруто-плата

Месечната пресметка за интегрирана наплата се врши преку клинтскиот софтвер на образец “МПИН“. Задолжително преземете ја верзијата на образецот достапна на веб страницата на УЈП, тука.

Поднесете ја пресметката за плата преку е-пошта

Користете ги електронските услуги на УЈП за поднесување на пресметките за плата. Пополнетиот образец МПИН пратете го преку електронска пошта celaplata@ujp.gov.mk и истиот ќе се смета за доставен до Управата за јавни приходи.

При доставување на МПИН за повеќе даночни обврзници преку електронска пошта, Ве молиме пресметките за плата да ги доставувате одделно, за секој даночен обврзник.
Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Доколку по истекот на 24 часа од поднесувањето на пријавата не Ви е доставен повратен одговор, обратете се до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи, за проверка на образецот МПИН кој сте го доставиле преку електронска пошта.
Еднаш доставената пресметка за плата не треба да ја доставувате повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk или за обработка во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Рок за поднесување на МПИН пресметката

Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите е должен пресметката, да ја достави до Управата за јавни приходи, најдоцна до 10 во тековниот за претходниот месец, по електронски пат.

Рок за уплата на придонесите

Рок на уплата на придонесите е денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок.
Денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок е ден на доспеаност за плаќање на придонесите.
Доколку плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок не се исплатени, рок на доспеаност за плаќање на придонесите е 15 од тековниот месец за претходниот месец.
За обврзниците за плаќање на придонеси кои се сами за себе обврзници за уплата на придонесите, рок на уплата на придонесите е 15 во месецот за претходниот месец.

По истекот на законскиот рок за плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување се пресметува камата во износ од 0,03% за секој ден задоцнување.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија