Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Задржан данок

Задржувањето на данокот се врши на приходите кои се исплатени во Република Северна Македонија или во странство на странските правни лица, а кои што не се остварени во рамките на деловниот потфат на постојана деловна единица на странското лице на територија на Република Северна Македонија, под услов поинаку да не е определено со Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување.


Приходи на кои се задржува данокот:

  • приход од дивиденди;
  • приход од камата од резидент;
  • приход од камата од нерезидент кој има постојана деловна единица во Република Северна Македонија, ако каматата е на трошок на постојаната деловна единица;
  • приход од авторски хонорар исплатен од резидент;
  • приход од авторски хонорар исплатен од неризидент со постојана деловна единица во Република Северна Македонија, ако авторскиот хонорар е на трошок на постојаната деловна единица;
  • приход од забавни или спортски активности кои се вршат во Република Северна Македонија;
  • приход од вршење на менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, ако приходот е исплатен од резидент или е на трошок на постојаната деловна единица во Република Северна Македонија;
  • приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во Република Северна Македонија;
  • приход од телекомуникациски услуги помеѓу Република Северна Македонија и странска држава; и
  • приход од закуп на недвижности во Република Северна Македонија.

Задржувањето на данокот го вршат

  1. домашните правни лица
  2. домашните физички лица – регистрирани за вршење на дејност и
  3. странско правно лице или физичко лице-нерезидент со постојана деловна единица во Република Северна Македонија.

Стапката на задржаниот данок на приходот кој го остварува странското правно лице од 2008 година и натаму, изнесува 10%.

Доколку примателот на приходите врз кој се применува задржување на данокот е резидент на држава со која РСМ има потпишано договор за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноците на доход и капитал, оданочувањето и применетата даночна стапка не смее да ја надмине даночната стапка која се применува за приходот одредена во Договорот.

Примената на даночната стапка од меѓународните договори се остварува на пропишани обрасци за олеснување или ослободување (образец ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-О/ДП).
Доколку странско правно лице остварува приходи во Република Северна Македонија за кои согласно меѓународниот договор за одбегнување на двојното оданочување се применува 0% даночна стапка, може наместо обрасците ЗД-О/ДИ, ЗД-О/КА, ЗД-О/АП, ЗД-О/ДП да поднесе пополнет образец “ЗД-ДО” со прилог Потврда за резидентност издадена од надлежен даночен орган во странство.

Пред исплата на приходите кои подлежат на обврската за задржување на данокот, барањето за олеснување односно ослободување за соодветниот вид на приход се доставува до надлежната Регионална дирекција на УЈП во три примероци целосно пополнети и заверени од надлежниот даночен орган на странската држава во делот за потврдување на резидентскиот статус на примателот на приходот.

Лицата кои имаат обврска да вршат задржување на данокот, пред да извршат плаќање на странското правно лице потребно е од надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи да побараат "даночен идентификационен број" за странското правно лице – примател на приходот. 

Лицата кои имаат обврска да вршат задржување на данокот, еднаш годишно до Управата за јавни приходи доставуваат Извештај за уплатениот данок по задршка на образецот ДД-И. Овој образец се доставува до 15 февруари во наредната година.

Доколку странското правно лице поднесе барање за враќање на данокот (образец ЗД-В/ДИ, ЗД-В/КА, ЗД-В/АП, ЗД-В/ДП), заради враќање на повеќе платен данок, во однос на данокот кој согласно одредбите од договорите за одбегнување на двојното оданочување требало да биде платен, УЈП ќе изврши враќање на повеќе платениот задржан данок.
Враќањето се врши во домашна валута, во висина на повеќе платениот задржан данок.
Износот се враќа на сметката назначена во Барањето.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија