Memorandum_mk
Фото галерија
19.06.2018
Директорката Сања Лукаревска на Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот

(Бечичи, 14-16.06.2018) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска присуствуваше на Самитот на гувернери на народни банки, министри за финансии и директори на даночни управи од регионот, кој се одржа во периодот од 14 до 16 јуни 2018 година во Бечичи, Република Црна Гора на тема „Финансиска и монетарна стабилност во регионот 10 години после глобалната финансиска криза“... »

 
01.02.2018
УЈП и МФ ќе направат сериозна анализа за измени во поглед на ДДВ од следната година
(Скопје, 01.02.2018) Изјава на Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска од „Првата меѓународна контролинг конференција“.
 
06.12.2017
Промовирани новите даночни услуги „е-Персонален данок“
Со резултатите кои ги постигнавме со ЕУ поддршката обезбедена преку ИПА фондовите, направивме голем исчекор и промена на концептот на администрирањето на даноците во Македонија, но и промена во пристапот до нашите услуги. Во „е-Персонален данок“ ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме „рамо до рамо“ со модерните даночни администрации. Новите електронски услуги за Персонален данок овозможуваат во целост поедноставување на постапките и намалување на административниот товар за пријавување и плаќање на данокот од страна на фирмите и на граѓаните...
 
01.12.2017
Од одбележувањето на Денот на даночниците 29-ти Ноември
(Скопје, 29.11.2017) Обраќање на Директорката Сања Лукаревска по повод одбележувањето на Денот на даночниците 29-ти Ноември и овогодинешното јубилејно одбележување на 70 години од поставувањето на темелите на Македонскиот даночен систем и 2О години Ден на даночници...
 
28.11.2017
Промовиран новиот Контакт центар и новите даночни услуги на УЈП
(Скопје, 28.11.2017) Новиот Контакт центар на УЈП ги исполнува сите стандарди за обезбедување на брза, лесна и квалитетна даночна услуга. Подобрувањето на условите и пристапот до нашите услуги, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето опшество, развојот на кориснички ориентирани сервиси за фирмите и граѓаните, овозможување на електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночните информации, намалувањето на административните трошоци и поедноставувањето на постапките се целите кои ги постигнавме заедно со нашите партнери и со ЕУ поддршката од 1,5 милиони евра преку ИПА фондовите, преку која имплементиравме седум проекти. Контакт центарот на УЈП располага со...
 
27.11.2017
ФОТО ГАЛЕРИЈА - ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА „ДЕНОТ НА ДАНОЧНИТЕ РАБОТНИЦИ“
Во рамките на Програмата за одбележување на „Денот на даночните работници“ и Програмата за општествена одговорност на Управата за јавни приходи, преку активна соработка со Синдикалната организација на УЈП, продолжуваме да се фокусираме на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина преку организирање на крводарителска и хуманитарна акција, подигање на свеста и посветеност на даночната администрација за заштита на животната средина, континуирана едукација на најмладите за јакнење на даночната свест...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија