Memorandum_mk
Фото галерија
28.11.2017
Промовиран новиот Контакт центар и новите даночни услуги на УЈП
(Скопје, 28.11.2017) Новиот Контакт центар на УЈП ги исполнува сите стандарди за обезбедување на брза, лесна и квалитетна даночна услуга. Подобрувањето на условите и пристапот до нашите услуги, вклучувајќи ги и најранливите категории на нашето опшество, развојот на кориснички ориентирани сервиси за фирмите и граѓаните, овозможување на електронска комуникација со нашите клиенти во секојдневното работење, полесен пристап до даночните информации, намалувањето на административните трошоци и поедноставувањето на постапките се целите кои ги постигнавме заедно со нашите партнери и со ЕУ поддршката од 1,5 милиони евра преку ИПА фондовите, преку која имплементиравме седум проекти. Контакт центарот на УЈП располага со...
 
27.11.2017
ФОТО ГАЛЕРИЈА - ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА „ДЕНОТ НА ДАНОЧНИТЕ РАБОТНИЦИ“
Во рамките на Програмата за одбележување на „Денот на даночните работници“ и Програмата за општествена одговорност на Управата за јавни приходи, преку активна соработка со Синдикалната организација на УЈП, продолжуваме да се фокусираме на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина преку организирање на крводарителска и хуманитарна акција, подигање на свеста и посветеност на даночната администрација за заштита на животната средина, континуирана едукација на најмладите за јакнење на даночната свест...
 
22.11.2017
Пратеничка група за меѓупарламентарни односи на Врховната Рада на Украина во посета на Управата за јавни приходи
(Скопје, 22.11.2017) Во рамките на работната посета со четиричлената пратеничка група од Украина разменивме искуства и добри даночни пракси, особено во делот на Персоналниот данок на доход, Данокот на додадена вредност и Данокот на добивка, како и предизвиците и трендовите во оданочувањето.
 
31.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА ИНСТИТУТОТ „ЈУРИДИКА ПРИМА“
(Скопје, 31.10.2017) На покана на Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима“ Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање на тема „Новини и актуелности во работењето на Управата за јавни приходи. Дали е потребна даночна реформа?“.
 
05.10.2017
ПРЕДАВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА ЛУКАРЕВСКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ
(Скопје, 05.10.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одржа предавање за студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, на кое ја претстави работата на Управата за јавни приходи, организациската поставеност и надлежностите, како и активностите и проектите кои се спроведуваат за градење на даночната администрација како партнер на бизнисите и граѓаните во Република Македонија...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија