24.11.2016
(Скопје, 24.11.2016) Од 23 до 25 ноември 2016 година, во хотел Солун, се оддржува ИОТА регионална работилница на тема „Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели“.
Настанот е организиран од страна на Управата за јавни приходи во соработка со Интра-европската организација на даночните администрации (ИОТА), во рамките на Годишната програма на оваа меѓународна организација...
|
|
24.11.2016
Традиционално во пресрет на одбележувањето на Св.Матеј - Денот на даночниците (29 ноември) и во рамки на програмата за општествена одговорност на УЈП, во тек е крводарителска акција на вработените во Управата за јавни приходи.
Во соработка со Синдикалната организација на УЈП и Црвен Крст, а во духот на хуманоста и солидарноста 151 даночник даруваат крв низ Македонија во Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Валандово, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Штип, Свети Николе, Куманово, Кочани, Струмица и Берово...
|
|
25.12.2015
За повеќе информации во врска со доделувањето на подароците од изборот на најкреативен цртеж на тема „Како младите ја гледаат иднината на земјата „СО” или „БЕЗ” плаќање на даноци“...
|
|
01.12.2015
Управата за јавни приходи разви посебна општествена одговорна програма која се фокусира на различни целни групи од потесната и пошироката општествена заедница. Програмата која неколку години по ред се спроведува, а која ја вклучува и активната соработката со Синдикалната организација на УЈП, се фокусира на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина...преку организирање на крводарителски акции, донаторска помош, вградување на мерки и активности на даночната администрација за подигање на свеста и едукација за заштита на животната средина, едукативни програми за јакнење на даночната свест кај најмладите...Со цел промоција на општествените вредности, кои ги вградивме во секојдневното делување на нашата организација, а во пресрет на одбележувањето на Денот на даночници „29-ти Ноември“...
|
|
16.06.2015
Управата за јавни приходи ја започна имплементацијата на Проектот „Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје со цел да биде новиот Контакт центар / Повикувачки центар на УЈП“, финансиран од Европската Унија. Со имплементацијата на овој проект треба да се креираат услови за воспоставување на новата работна средина за Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, односно модерен и поголем простор кој ќе овозможи подобрување на услугите и доброволната усогласеност на даночните обврзници за навремено исполнување на обврските, но пред сè зајакнување на партнерскиот однос на Управата за јавни приходи со даночните обврзници...
|
|
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|