Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Друг доход

Дефиниција

„Друг доход “ е секој доход кој не се смета за доход од работа, доход од самостојна дејност; доход од продажба на сопствени земјоделски производи, доход од закуп и подзакуп, доход од авторски и сродни права, доход од права од индустриска сопственост, доход од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и доход од осигурување, и не е изземен од оданочување со одредбите од член 12 на Законот за данокот на личен доход.

Како друг доход, се смета и доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош од членот 12 точка 31) од ЗДЛД, износот на неискористените донирани финансиски средства од членот 12 точка 32) од ЗДЛД, како и кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице.

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход е физичко лице кое остварува „друг доход“.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот на доходот е бруто доходот.
Основа за пресметување на данокот на доход од продажба на корисен цврст отпад, претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 50%..

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на друг доход се врши по стапка од 10%.

Електронска пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход за друг доход (пр. откуп на корисен цврст отпад и др.).
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за „друг доход“ остварени во земјата и од странство (пр. доход од е-трговија преку специјализирани интернет страни, доход од интернет маркетинг услуги и др.).
    Примателот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија/Република Северна Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен доходот).
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за додходот остварен во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле друг доход во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија