Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Доход од капитал

Дефиниција

Под доход од капитал се подразбираат:

  • дивиденди и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица
  • камати од заеми дадени на физички и правни лица
  • камати од орочени депозити
  • каматите од хартии од вредност и
  • друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход од капитал е физичко лице кое остварува доход по основ на:

  • дивидендите и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица
  • камати од заеми дадени на физички и правни лица
  • камати на орочени депозити
  • каматите од хартии од вредност и
  • друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти

Даночна основа

  • За дивидендите и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица, основа претставува износот на бруто дивидендата, односно доходот од учество во добивката распределени на обврзникот.
  • За камати од заеми дадени на физички и правни лица, камати од хартии од вредност основа претставува износот на пресметаната камата.
  • За камати од орочени депозити, основа претставува износот на пресметаната камата.
  • За друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти, основа претставува бруто доходот.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од капитал се врши по стапка од 10%.

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход од капитал.
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за остварениот доход од капитал (дивиденда, камата...) од странство.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за приходите остварени во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од капитал во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија