Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Капитални добивки

Дефиниција

Капитална добивка е доходот што обврзникот го остварува од продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот.
Капиталната добивка претставува разлика помеѓу продажната цена и набавната цена при продажба или размена на недвижен имот, хартиите од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учеството во капиталот, подвижен и нематеријален имот.
Под нематеријален имот се подразбира имотот без физичка содржина, кој може да се идентификува.

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварува добивка од продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот на доход од капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на недвижен имот, хартиите од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учеството во капиталот, подвижен и нематеријален имот и куповната (набавната) цена.
Kапитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд,учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата се внесува во даночната основа во висина од 90% од разликата.
На обврзникот кој остварува капитална добивка од продажба на недвижен имот, на негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци за инвестициски вложувања, доколку документирано ги докаже.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од капитални добивки се врши по стапка од 10%.

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за остварени капитални добивки во земјата и од странство, од продажба на:

  • учество во капитал до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или е извршен упис на промената на сопственоста во трговскиот регистар;
  • недвижен имот до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е заверен договорот за купопродажба на нотар;
  • друг подвижен имот до десетти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот, и
  • нематеријален имот до десетти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот.

Напомена: Физичкото лице (резидент на Република Северна Македонија), за капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фондови остварени во земјата, нема обврска да поднесува електронска пресметка до Управата за јавни приходи, односно Управата за јавни приходи врз основа на податоците од Годишните извештаи доставени од Централниот депозитар и Друштвата за управување со инвестициски фондови ќе изготвува и генерира решение на годишно ниво за плаќање на данокот на доход од страна на физичките лица.

Доколку физичкото лице остварува капиталните добивки од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фондови остварени од странство има обврска до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е остварен доходот да поднесе електронска пресметка до Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од капитални добивки во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година. Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврден.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија