Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Приходи од самостојна дејност

Дефиниција

  • Приходи од самостојна дејност - се приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, приходите од земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.
  • Приходи од стопанска дејност - се приходите од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност.
  • Приходи од професионални и други интелектуални услуги - приходите од здравствена, ветеринана, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност.
  • Под приходи од земјоделска дејност се подразбираат приходите од производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи.

Даночен обврзник

  • трговец-поединец
  • физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност и кои водат деловни книги
  • физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност и кои водат деловни книги
  • физички лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност (адвокати, нотари, лекари, ветеринари, инженери, архитекти, сметководители, ревизори, новинари и сл.) кои не се сметаат за трговци

Даночна основа

Основа за пресметување на персоналнен данок за приходите од самостојна дејност претставува нето приходот (разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник) утврдени во Годишниот даночниот биланс (ПДД-ДБ). 

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година - стапката изнесува 10%

Самооданочување (утврдување и плаќање на аконтација на данокот на доход)

Аконтацијата на персоналниот данок се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец, во износ од 1/12 (една дванаесттина) од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ).
Напомена: Аконтацијата на персоналниот данок за месец Јануари 2015 година треба да се плати во висина на платената аконтација за месец Декември од 2014 година.

Годишни обврски за вршителите на дејност

  • До УЈП (и Централниот регистар) задолжително се доставува по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk - Биланс на приходи и расходи (Б) и Годишен даночен биланс (ПДД-ДБ), најдоцна до 15 март наредната година.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија